ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставуваат врвен приоритет во функционирањето на Театар Комедија.

Од тие причини Театар Комедија посветува особено внимание на заштитата на личните податоци на клиентите и корисниците на нашите услуги преку имплементирање на важечките стандарди и прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија.

Оваа Политика на приватност е изработена со цел да се објаснат модусите на кои се врши обработката, од наша страна, на личните податоци на клиентите и корисниците на нашите услуги при посетата на нашата веб-страница online.teatarkomedija.mk, при доставата на електронски апликации за барања за понуди на нашите услуги или доставени прашања, рекламации и дополнителни барања, при пополнување апликација за вработување, како и за онлајн плаќање на сметките од страна на корисниците на нашите услуги. Ваквата Политика на приватност се однесува единствено на заштита на приватноста на личните податоци во горенаведените случаи и не се однесува на личните податоци што се собираат на други начини, ниту на посетите на други интернет страници и платформи до кои се пристапува преку нашата страница.

Собирање, обработка и употреба на податоци

Корисниците на веб-страницата на Театар Комедија при купување билет за некоја од нашите активности, премиери или претстави пополнуваат електронска форма за купување, при што од пополнетите податоци Театар Комедија може да ги собира исклучиво електронските адреси, и тоа со цел полесно и навремено информирање на корисниците во врска со нашите месечни репертоари, премиери и активности.

Театар Комедија може да ги собира податоците единствено доколку тие се наведени од корисникот/барателот на одредена услуга доставени на горенаведените начини, а со цел навремено одговорање, ефикасна и навремена реализација на услугите и информирање за поволности и новитети. Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци што ни се доставени од страна на корисникот/барателот на услугата. Оваа политика за приватност се однесува само на веб-страницата на Театар Комедија и на сите поддомени. Доколку преку веб-страницата на Театар Комедија е обезбеден линк до други веб-страници или платформи, ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци што ја обезбедуваат тие веб-страници или платформи. Како установа ние ги користиме личните податоци од барателите или корисниците на услуги исклучиво за дејноста на нашето работење, за услугите коишто им ги нудиме на нашите корисници, како и за поволности и новитети поврзани со нив.

Корисник на нашите услуги или заинтересиран клиент за нашите услуги при посета на нашата веб-страница и при пополнување барање за услуги, апликација за вработување или апликација за коментар, барање, рекламација, поплака и сл. ги наведува следниве податоци: име и презиме, адреса на локацијата за каде што се однесува реализацијата на услугата, назив на компанијата (доколку станува збор за правно лице), контакт телефон и е-пошта, а овие податоци се собираат и се обработуваат со цел соодветно да се одговори на доставеното барање, да се извршат дополнителни консултации по однос на барањето на барателот/клиентот и да се обезбеди ефективна и навремена услуга и поддршка, како и корисникот да биде информиран за поволностите и новитетите поврзани со нашите услуги.

Дополнително, покрај податоците наведени од имателот на податоците, при посетата на веб-страницата од корисниците може да се евидентираат и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат само статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на веб-страницата. Ваквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб-страницата, како што се оперативниот систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

На сите пораки или прашања пристигнати по е-пошта Театар Комедија одговара на истата електронска адреса, која нема да се користи за ниту една друга цел освен за целите поврзани со комуникацијата со корисникот на услугите и дејностите на работата на нашата установа и нема да ја сподели со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на барањето и комуникација поврзана со услугите што како установа им ги нудиме на нашите корисници и за поволности и новитети поврзани со нив.

Театар Комедија не собира и не врши каква било обработка на информации од финансиска природа, како број на картичка и/или број на банкарска сметка, од причина што при електронската наплата на сметки нема пристап до податоците поврзани со платежната картичка или сметката во банка на корисникот, бидејќи тие информации се испраќаат директно до сертифициран процесинг-центар за трансакции со платежни картички и до банката преку сигурносна врска.

Откривање на податоците

Театар Комедија го задржува правото на откривање на личните податоци во случаи кога тоа е потребно согласно со позитивните законски прописи, или ако е потребно во водењето на некоја судска постапка или за заштита на нашите бизнис интереси. Пристапот до личните податоци во нашата установа е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, а со цел да им овозможат на клиентите и на корисниците точна и навремена информација или реализација на бараните услуги. Вработените во Театар Комедија се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи и нив не смеат да ги споделуваат со трети лица.

Театар Комедија ги презема потребните мерки за обезбедување сигурност и тајност на личните податоци, а со цел заштита од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба, при што податоците ќе бидат чувани не подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите поради кои се собрани и по што тие ќе бидат избришани од нашата база. Информациите коишто ги обработуваме се грижливо зачувани и не ги проследуваме на трети лица или на компании, со исклучок на нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и електронската наплата на фактурите. На барање на државните органи и во согласност со законите, можеме да предадеме дел или сите собрани информации. Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Прифаќање на условите

Секој корисник со продолжување на пристапот и користењето на веб-страницата online.teatarkomedija.mk ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Секој корисник кој не се согласува со оваа Политика за приватност во секое време може да го прекине пристапот до веб-страницата и користењето на апликациите од оваа веб-страница.

Промени во Политиката за приватност

Театар Комедија го задржува правото на промени во Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени во Политиката за заштита на приватноста, промените ќе ги објавиме на оваа веб-страница.